Руската влада објави список на автомобили произведени во државата што им се нудат за купување на владините службеници, сите руски или кинески марки.

Министерството за индустрија и трговија објави дека списокот на автомобили е наменет за употреба од државни и општински службеници за службени цели по инструкција на претседателот Владимир Путин.

Домашните компании до денес веќе имаат произведено широк асортиман на модели со различни технички карактеристики и опрема (шест марки и над 20 модели) што можат да ги задоволат потребите на вработените на различни нивоа. Сите производители на автомобили се обврзаа да го зајакнат производството преку специјални инвестициски договори со владата“, велат од Министерството.

Руските автомобили на листата вклучуваат пет модели на Лада произведени од најголемиот руски производител на автомобили Автоваз, како и УАЗ, Аурус, Москвич и електричните автомбили „Еволут“.

Списокот вклучува и пет модели на кинескиот производител на автомобили Хавал, кој од 2019 година произведува автомобили во фабриката во регионот Тула, на 200 километри од Москва.

Кинеските производители на автомобили добија пазарен удел на рускиот пазар по повлекувањето на брендовите како Рено и Нисан.

Исто така, официјален Кремљ им нареди на високите функционери вклучени во подготовките за претседателските избори во 2024 година да престанат да користат Ајфон поради стравувањата дека уредите се ранливи на западните разузнавачки служби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.