Надворешната разузнавачка служба на Русија (СВР) добива нови информации кои ја потврдуваат вмешаноста на Англосаксонците во експлозиите на „Северните текови“.
СВР на Русија не престанува да собира информации за околностите на серијата експлозии во Балтичкото Море на 26 септември 2022 година. Пристигнуваат сите нови информации кои го потврдуваат веќе изнесеното како теза од директорот на службата С.Е. Наришкин за вмешаноста на англосаксонците во овие инциденти – се наведува во соопштението на Службата.
Во соопштението се додава дека расположливите разузнавачки информации јасно укажуваат дека нападите на гасоводите претставуваат чин на меѓународен тероризам и економска војна на Англосаксонците против нивните европски сојузници, пред се Германија.
Верзијата за структурите и медиумите под контрола на САД и Велика Британија дека „Северен тек“ се независно разнесени од украинските екстремисти „не држи вода“, но веќе и е наметната на Германија како главна, се вели во соопштението.
СВР на Русија има информации за одлуката донесена во САД и Велика Британија да се спроведе кампања за дезинформации пред уште една годишнина од експлозиите со цел да се прикрие вистинската цел на саботажата и нејзините организатори. „Од август оваа година, структурите и медиумите под контрола на Вашингтон и Лондон изнесуваат лажни тврдења дека нападите биле извршени исклучиво од украински екстремисти кои дејствувале независно – се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.