Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба за време на денешното телевизиско обраќање рече дека неговата земја бара посилни санкции против Русија.
– Тие вклучуваат, меѓу другото, исклучување на руската банка Сбербанк од SWIFT, затворање на европските пристаништа за руските бродови, затворање на пристапот на Русија до криптовалути и престанок на купување руска нафта, рече Кулеба.
Руската нафта „денес мириса на украинска крв“, рече министерот за надворешни работи, додавајќи дека „нејзиното купување е финансирање на руските воени злосторства“.
Тој го повтори повикот на Украина до меѓународните сојузници да го заштитат украинскиот воздушен простор од „недискриминирачкото и варварско бомбардирање од страна на Русите“ и да и обезбедат на земјата „борбени авиони и сериозна противвоздушна одбрана, проектили и оружје“.
– Мојата порака до светот е јасна. Кога сите европски и други лидери на сите церемонии во текот на годината, ќе ги повторуваат тие одделни зборови „никогаш повеќе“, сега треба да докажат со дела дека стојат на тие зборови, забележа Кулеба. потсетувајќи на нацистичките бомбардирања на европските метрополи за време на Втората светска војна.
– Докажете сега дека ги научивте лекциите од минатото, дека една нова брутална сила во Европа може да биде запрена пред да го вовлече целиот континент во разорен конфликт, рече шефот на украинската дипломатија, завршувајќи го својот говор.
За време на обраќањето, Кулеба ја пофали „восхитувачката“ храброст на „мирните демонстранти“ во јужниот украински град Херсон, кои „демонстрираа пред вооружените руски напаѓачи“, велејќи им дека „тие се Украинци, а нивниот град и припаѓа на Украина“.
– Пораката од херојскиот украински народ е едноставна, рече тој – Руси, одете дома. Вие сте на туѓа земја каде што никому не му требате. И никој не ве пречекува со цвеќиња. Путин, оставете ја Украина на мира. Нема да победите во оваа војна, нагласи Кулеба за време на кратката порака
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.