Најновите руски снајперски пушки МЦ-572 наскоро ќе се користат во воените операции во Украина, соопшти компанијата „Високоппрецизни комплекси“, која е дел од државниот производител на оружје „Ростех“.

MЦ-572 се смета за „убиец“ на полуавтоматските противматеријални пушки направени од американската компанија „Берет Фајерармс“ (Barrett Firearms). Терминот против-материјал се однесува на пушките, кои се со значително поголеми калибри од конвенционалните пушки и се користат за уништување на воена опрема како што се неоклопни или лесно оклопни возила.

Во август минатата година, руската компанија објави дека според компаративните тестови, MЦ-572 по прецизноста го надминал американскиот „Барет М82“ четири пати. Според податоците на компанијата, во компаративните тестови „Баретата“ испукала пет куршуми во круг од шест сантиметри, а MЦ-572 испукал исто толку куршуми во круг од 1,5 сантиметри.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.