Руската војска уништила цел баталјон на украинските сили опремен со македонски и словенечки тенкови.

Станува збор за првиот механизиран баталјон на 28 бригада на украинската војска која дејствувала кај Криви Рог.

РИА Новости објави на социјалните мрежи снимка од тенковите во пламен кои на украинската војска ѝ пристигнаа како воена помош од Македонија и од Словенија заедно со НАТО тенкови Т-72.

Македонија исто така на крајот на јули ѝ донираше на Украина тенкови, но тогаш македонската министерка за одбрана Славјанка Петровска одби да прецизира за колкав број станува збор.

Медиумите потоа соопштија дека станува збор за тенкови од третата генерација, а со оглед на развојот на технологијата, тие борбени возила се сметаат за неконкурентни и некомпатибилни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.