Руските сили ја бомбардираат челичарницата Азовстал во Мариупол во која, покрај украинските војници и паравоени формации, наводно има уште 200 цивили заложници.
Според агенцијата РИА Новости, руското министерство за одбрана соопшти дека се уништуваат украинските позиции откако ултранационалистите го искористиле примирјето за евакуацијата на цивилите во последните два дена за прегрупирање.
Украински извори тврдат дека Русите тргнале во офанзива за освојување на челичарницата, местото каде што се опколени преостанатите украински сили.
Дека руска офанзива е во тек за весникот Украинска правда потврдил и заменикот командант на ултранационалистичкиот полк Азов кој е заглавен во големиот индустриски комплекс.
Мариупол е главната мета на руските сили кои се обидуваат да ги спојат териториите под руска контрола на истокот и југот. Покрај челичарницата минува главниот украински автопат во насока исток-запад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.