Во случај да се случи несреќа во нуклеарната централа Запорожје, последиците ќе бидат драстично поголеми отколку во Чернобил, рече Михаил Мизинцев.

Како што објасни тој, зоната на радијациона контаминација ќе зафаќа 5.300 квадратни километри, што значи дека ќе бидат загрозени цели области, вклучително и Киев, Запорожје, Харков, Полтава, Керсон, Одеса, Николаев, Кироворад, Виница, Доњецк и Луганск, како и пограничните региони на Руската Федерација, Белорусија, Молдавија, Бугарија и Романија.

„Ситуацијата може драстично да се влоши во случај на лоши временски услови и влегување на јужноукраинската нуклеарна централа (капацитет 3.000 мегавати) во зоната на можна контаминација, како и складиштата на нуклеарно гориво во нуклеарната централа во Чернобил, како и водните артерии. На тој начин Црното Море и Босфорот би станале непроодни за бродовите на подолг период, а бреговите на Турција, Грузија, Абхазија, Бугарија и Романија би станале контаминирани со високо ниво на радијација“, предупреди шефот на Националниот центар за управување со одбраната на Руската Федерација, Михаил Мизинцев, кој исто така рече дека гранатирањето на нуклеарната централа Запорожје од страна на Киев претставува акт на „нуклеарен тероризам“. Тој, исто така, ги повика Обединетите нации, Меѓународната агенција за атомска енергија и другите меѓународни институции „да ги осудат криминалните потези на властите во Киев и да ги преземат сите неопходни мерки за да ги блокираат сите потенцијални провокации кога станува збор за радиоактивните објекти во Украина“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.