Само што добив информација за пад на руска ракета на железничката станица во околината на Дњепропетровск, на вагони во станицата Чаплино. Се запалија четири патнички вагони, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето обраќање пред Советот за безбедност на ОН.

Според него, најмалку 15 луѓе ги загубиле животите, а околу педесетина се ранети.

Спасувачите излегоа на терен, но бројот на жртви, за жал, може да се зголеми. Ова е нашето секојдневие – додаде Зеленски.

Нападот се случува кога Украина го слави Денот на независноста, по повод прекинот на врските со СССР во 1991 година. Доаѓа и кога земјата влегува во седмиот месец од војната со Русија која започна на 24 февруари.

Зеленски претходно денеска изјави дека Украина ќе се бори „до крај“.

Додека борбите денес се главно на истокот и југот на Украина, каде што се чини дека ниту една страна не напредува, Русија редовно истрелува проектили со долг дострел кон украинските градови, вели Киев.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.