Амбасадорот на Русија во Советот за безбедност на ОН Василиј Небензја одржа прес-конференција на која изрази незадоволство поради тоа што на барање на Русија не е свикан состанок на Советот за безбедност на ОН и изнесе голем број тврдења за кои наведе дека докажуваат оти видеото кое сугерира дека Русите го извршиле масакрот во Буча е „лага“.
Тоа е јасна провокација во стилот на Гебелс, изјави рускиот амбасадор во ОН.
– Сакам да ви презентирам вистински докази за Буча. Додека градот беше под контрола на руската армија, ниту еден жители не беше жртва на насилство. За тоа време жителите се движеа слободно. Тие користеа мобилни телефони па можеа да објават каква било слика или видео од некакво теоретско насилство ако имало таков случај. Но, тоа не се случи, истакна Небензја.
Тој на прес-конференцијата објави видео снимка од градоначалникот на Буча, за која рече дека е снимена на 31 март.
– Тоа видео е снимено ден по повлекувањето на руските сили, што е презентирано како победа на украинската армија. Интересно е што тој не спомна никакво масовно насилство, убиства, масовни гробници или нешто слично. Тешко е да се замисли градоначалникот заборавил да спомне такви грозни работи. Градоначалникот Федеров се насмевнува, тешко е да се однесува така ако има масакр на улиците околу него, рече рускиот амбасадор, а потоа е објавена снимката.
– На снимката е среќен што руските војници се повлекоа и вели дека ова е голема победа за украинската армија. Тој не спомнува никакви злосторства во градот. Ова видео го објави украинската телевизија Канал 24 на 1 април и нагласувам дека ништо не е кажано за злосторствата. Сакам да ви покажам и слика од потпретседателот на украинскиот Парламент кој исто така се смее и не спомнува ништо за злосторствата во својата објава, рече тој.
– На 2 април Националната гарда на Украина објави видео од влегувањето во Буча и никаде не се гледаат тела. Тие разговараа со жителите и никој не го спомна масакрот, нагласи Небензија.
Објавено е и видеото на кое се гледа влегувањето на украинските сили во градот.
– Да резимираме, нема никакви извештаи за злосторници во Буча за кои сега е обвинета руската армија, што би се случило пред да влезе украинската војска во градот. Четири дена откако руската армија го напушти градот немаше, повторувам, не се споменува злосторство, вели Небензја.
– Видеото со телата се појавува на 3 април, полно со несовпаѓања и очевидни лаги. Телата лежат на улица најмалку четири дена, но не се вкочанети. Како е можно тоа? Ова е спротивно на законите на биологијата. Нема знаци на распаѓање. Тоа, исто така, покажува дека видеото е лажно, додава амбасадорот.
Освен што тврди дека телата на цивилите немаат никаква врска со руската армија, Небензја отиде и чекор понатаму. Тој ги обвини Украинците дека убивале луѓе кои носеле бели ленти на рацете, што било знак дека се цивили додека градот бил под руска контрола.
– Кога украинските сили влегле во градот пукале во луѓе со бели ленти, убивајќи цивили. Постои снимка од разговор меѓу украинските војници што е објавена на социјалните мрежи. Еден радикал прашува дали може да пука во луѓе без сини ленти, а друг одговара: „Се разбира“, рече Небензја.
Тој истакна дека украинската снимка од телата на улиците на Буча е „груб фалсификат“.
Тој ги повтори обвинувањата дека една од двете трудници чии слики го обиколија светот по нападот на болницата и породилиштето во Мариупол, глуми. „Таа е блогерка, ја видов како призна на руска телевизија дека ја натерале да го направи тоа“, рече Небензја.
Тој уште еднаш се осврна на масакрот во Буча, тврдејќи дека се е лага.
– Одеднаш се појавуваат тела. Некои покажуваат знаци на живот. Тоа е инсценирано, тоа е лажно, тоа е провокација. Имаме докази дека тоа е организирано од украинската информативна воена машина, вели Василиј Небензја.
– Една работа не можете да ја оспорите, Украинците ги користат жителите како жив штит во станбените згради, тврди рускиот амбасадор во ОН.
– Неверојатно е како Европа се однесува кон Русите само затоа што имаат руски пасош, на страна санкциите, но неверојатно е како Европа се однесува кон Русите, рече тој.
Небензја се пожали дека не е свикана седница на Советот за безбедност на ОН, иако Русија тоа го побарала и дека состанокот секогаш се одржувал во рок од неколку часа кога една од земјите-членки на Советот за безбедност побарала состанок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.