Руски и белоруски граѓанин се уапсени во Полска под обвинение за шпионажа во корист на Русија, објави полската телевизија, повикувајќи се на Обвинителството.
Русин и Белорусин се приведени во Бјалисток под сомнение за шпионажа во корист на странска разузнавачка служба. Според Воената контраразузнавачка служба, шпионите собирале информации за воените единици, статусот на персоналот, како и за единиците на сојузничките сили. Двајцата живееле во Полска долги години – наведува телевизијата.
Според зборовите на претставникот на обвинителството, Александар Скшињаж, заклучоците на службата укажувале дека двајцата приведени „вршеле шпионски активности во интерес на разузнавачките служби на Руската Федерација“.
Двајцата добиле притвор од три месеци, а доколкуи бидат прогласени за виновни, им се заканува затворска казна до 10 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.