Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека армијата соборила 11 украински дронови во пограничните региони.

– Синоќа беше спречен обид на режимот во Киев да изврши терористички напади со дронови врз објекти на руска територија, се вели во соопштението.

Во последните месеци Украина ги интензивира своите напади во Русија, повеќето од нив во пограничните региони како што е регионот Белгород. На 30 декември, врз градот Белгород беше извршен најсмртоносниот напад на руска територија од почетокот на руската инвазија врз Украина пред речиси две години. Во тој напад загинаа 25 луѓе, стотици беа повредени, а неколку стотици беа евакуирани



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.