Руското Министерство за одбрана тврди дека вчерашниот ракетен напад врз Виница бил насочен кон воена цел.
На 14 јули, високопрецизни ракети од море „Калибр“ ја погодија зградата на офицерскиот дом на гарнизонот во градот Виница. Во моментот на нападот, во овој воен објект се одржуваше состанок на командата на украинските воздухопловни сили со претставници на странски добавувачи на оружје за пренесување на следната серија авиони и оружје на вооружените сили на Украина. Тие беа убиени, објави Русија.
Најмалку 23 лица загинаа во нападот на градот Виница во централна Украина, информира началникот на украинската национална полиција Ихору Клименко.
Единаесет тела, меѓу кои и две деца, сè уште се неидентификувани. Ихор Зовква, заменик-шеф на кабинетот на претседателот на Украина, изјави дека повеќе од 70 лица сè уште се во болница, 18 лица се водат како исчезнати, а во тек е спасувачка операција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.