Русија соопшти дека нејзините сили вежбале симулирани нуклеарни ракетни напади во западната енклава Калининград, сместена меѓу Полска и Литванија долж балтичкиот брег.
Русија во средата вежбаше „симулирани електронски лансирања“ на мобилни балистички ракетни системи Искандер со нуклеарна способност, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Руските сили вежбале единечни и повеќекратни напади врз цели, имитирајќи ракетни фрлачи, аеродроми, заштитена инфраструктура, воена опрема и командни пунктови на симулираниот непријател, пренесува АФП.
По извршувањето на „електронските лансирања“, воениот персонал изврши маневар за промена на позициите за да се избегне можен контранапад“, додаде Министерството за одбрана.
„Борбените единици вежбаа и операции во услови на радијација и хемиска контаминација“, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.