Авиони на руските воздухопловни сили уништија 54 воени објекти во Украина во изминатите 24 часа, додека руската противвоздушна одбрана собори едно украинско беспилотно летало, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.
Тактички, воени и беспилотни летала погодија 54 воени објекти во Украина. Меѓу нив има три командни пунктови, четири повеќецевни ракетни системи, четири складишта за муниција и 44 локации каде што била концентрирана воена опрема – прецизира Конашенков.
Тој додаде дека едно украинско беспилотно летало било погодено во воздух во изминатите 24 часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.