Аеродромот во Мариупол, во целост паднал под контрола на силите на ДНР, обајви дописникот на „РИА Новости“.

Истовремено, продолжуваат борбите во центарот на градот, одекнуваат експлозии и постојано се слуша пукање. Главните улици кои водат во градот се блокирани со барикади.

По освојувањето на аеродормот во овој пристаништен град Русите соопштија дека откриле докази дека објектот бил користен како затвор каде што биле вршени мачења од страна на украинските националисти и украинските тајни служби.

Давејќи го градот во крв, тие го претворија во своевиден штаб и упориште на нацистичките доброволни баталјони, пред се „Азов“, како и „Десниот сектор“. На аеродромот во Мариупол имаше озлогласен затвор за мачење со сета соодветна опрема: бараки со телата на мачените, казнени ќелии и моторни пили. Ова не е среден век, туку неонацизам. Затоа украинските радикали се толку приврзани за овој град. Прво, тој крие многу докази за нивните злосторства и второ, тие разбираат дека ќе треба да одговараат за нив – изјави рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензја, на седница на Советот за безбедност на ОН.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.