Директорот на руската надворешна разузнавачка служба, Сергеј Наришкин, ги обвини Вашингтон и Варшава дека разработуваат планови за воспоставување воено-политичка контрола на Полска врз нејзините „историски територии“ во Украина.

Тоа е, всушност, обид да се повтори историскиот „договор“ за Полска по Првата светска војна, кога Западот, претставен од Антантата, го призна правото на Варшава прво да окупира дел од Украина за да го заштити своето население од „болшевичката закана“, а потоа да ги вклучи тие територии во рамки наполската држава.

 

Настаните што следуваа станаа јасна илустрација на колонијалниот поредок и принудната полонизација како основни методи за изградба на „Голема Полска –истакна Наришкин.

Како што објасни Наришкин, првата фаза на „повторното обединување“ треба да биде влегувањето на полските трупи во западните региони на Украина под слоганот за нивна „заштита од руска агресија“.

Модалитетите на претстојната мисија во моментов се разговараат со администрацијата на Џо Бајден. Според прелиминарните договори, таа ќе се одвива без мандат на НАТО, но со учество на „расположени држави“. Варшава досега не успеа да постигне договор со потенцијални членови на коалицијата, нивни истомисленици – вели Наришкин.

Според него, полските разузнавачки служби бараат претставници на украинската елита со кои ќе можат да се договорат за формирање на т.н. демократска противтежа на неонацистите, кои би биле ориентирани кон Варшава и кои би ги поддржале плановите на Полска да распореди војници во западна Украина.

Според пресметките на полската администрација, превентивната консолидација на западот на Украина најверојатно ќе доведе до распаѓање на земјата. Во исто време, Варшава суштински ќе добие контрола над териториите каде што ќе влезат „полските мировници“ – истакна Наришкин.

Како што наведува тој, планирано е „мировниот контингент“ на Полска да биде распореден во оние делови на Украина каде што опасноста од директен конфликт со руската армија е минимална.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.