Програмери од Грозни, главниот град на Чеченската Република во Русија, создале беспилотни летала кои може да функционираат поврзани како рој и да се употребуваат како помош при чистење мински полиња.
Ројот вклучува десет ултра лесни дронови, кои се способни брзо да скенираат голема површина и да изготват карта на поставените мини за понатамошно деминирање на тешко достапните области.
Бидејќи деминирањето на областите предвидува летање на мала надморска височина, леталата ќе бидат опремени со оптички системи за следење и избегнување пречки“, вели проектниот инженер, Ислам Саламов, од Државниот нафтен технички универзитет во Грозни.
Ројот дронови ќе се контролира со помош на хибриден систем за позиционирање, кој комбинира сателитски и локални комуникациски систем.
Тоа им овозможува на беспилотните летала во лет да разменуваат информации за пречките во областа и да ја приспособат траекторијата на движење, нешто што го олеснува брзото скенирање на териториите“, прецизира Саламов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.