Русија го забрани извозот на житарки во поранешните советски држави до 30 јуни, а извозот на шеќер го забрани во сите земји до 31 август, јави руската агенција ТАСС.
Рускиот премиер Михаил Мишустин потпиша указ за забрана за извоз на бел и нерафиниран шеќер до 31 август, како и извоз на пченица, ‘рж, јачмен и пченка до членките на Евроазиската економска унија до 30 јуни. Указите за ова беа потпишани од премиерот Михаил Мишустин. Ограничувањата на житарките ќе важат до 30 јуни, на шеќерот – до 31 август 2022 година“, се вели во синоќешното соопштение од владиниот кабинет. Како што е наведено во Кабинетот, забраната за житарки се однесува на пченица, ‘рж, јачмен и пченка.
Има низа исклучоци за извоз на шеќер и житарки. „Така ќе биде можно снабдување со овие производи надвор од Русија, вклучително и за обезбедување хуманитарна помош, како и во рамките на меѓународниот транзитен сообраќај“, нагласи руската Влада.
Одлуката за привремена забрана за извоз на шеќер и житарки на 10 март ја изгласа поткомитетот за царинско-тарифно и нетарифно регулирање, заштитни мерки во надворешнотрговската размена на владината комисија за економски развој и интеграција. Донесена е за да се заштити домашниот пазар на храна во услови на надворешни ограничувања“, се вели во соопштението.
Претходно беше објавено, како што пренесува ТАСС дека, според Министерството за земјоделство на Руската Федерација, сега земјата е обезбедена со жито за повеќе од 150 отсто. Во исто време, привремената забрана за извоз ќе помогне да се спречи протокот на земјоделски производи, имајќи предвид дека земјите од ЕАЕУ (Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан) веќе ги купиле количините на стоки што им се потребни без царина оваа сезона, соопшти минатата недела прес-службата на Министерството за економски развој на Руската Федерација.
Инаку, Русија е најголемиот светски извозник на пченица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.