Русија презеде една третина од пазарот на ѓубрива во ЕУ. Најголем увозник на руско ѓубриво во ЕУ е Полска, а потоа следуваат Франција и Германија
Во јули, земјите од ЕУ го зголемиле увозот на руско ѓубриво за 2,2 пати во споредба со јуни, потрошувајќи 199 милиони евра, што е највисоко ниво од ноември 2022 година. Истовремено, Полска купила ѓубрива во вредност од 55,7 милиони евра, Франција за 31,5 милиони евра , Германија за 24,5 милиони евра.
Претходно, аналитичарите забележаа дека по напуштањето на рускиот гас, Европската Унија почна да купува поскапи руски ѓубрива, што доведе до затворање на локалните фабрики за азотни ѓубрива за кои рускиот гас беше основна суровина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.