Руската Амбасада во Вашингтон соопшти дека Москва нема да отстапи пред од заканите за американски санкции кон Украина.

Ваквата порака е испратена пред телефонскиот разговор меѓу највисоките дипломати на САД и Русија, пренесе АФП.

Нема да отстапиме и да стоиме мирно слушајќи ги заканите за американски санкции. Вашингтон, а не Москва е тој што ја создава тензијата.

 

САД се тие коишто ги снабдуваат украинските власти со модерно оружје и соработуваат со намерите на владата на Володимир Зеленски дека проблемот во Донбас треба да се реши со сила.

 

Нарушувајќи го принципот на безбедност без поделби, САД ја поставува и засилува својата воена инфраструктура блиску до руските граници. Преместувањето на вооружените сили на Руската Федерација на сопствена територија е наше суверено право и не загрозува никого – објави амбасадата на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.