Русија ја предупреди Украина да престане со напади врз цели на руска територија, затоа што воспротивно ќе следува одговор и ќе бидат извршени напади врз високи цели во Киев

Руската армија се закани дека ќе ги нападне воените командни центри во главниот град на Украина, обвинувајќи ја Украина дека врши напади на руска територија.

Гледаме обиди за саботажа и удари на украинските сили врз цели на територијата на Руската Федерација. Доколку таквите настани продолжат, руската војска ќе изврши напади врз центрите за одлучување, вклучително и во Киев, од кои руската војска досега се воздржуваше – изјави портпарол на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.