Руското Министерство за надворешни работи му предложи на Парламентот да ги поништи руските договори со Светската трговска организација (СТО) и Светската здравствена организација (СЗО), изјави заменик-претседателот на Државната дума, Пјотр Толстој.

Министерството достави до Државната Дума список на договори кои заедно со (горниот дом на парламентот) Советот на федерацијата ќе предложиме да се поништат, Толстој.

Тој рече дека Русија го напуштила Советот на Европа, и дека „сега на ред се СТО и СЗО“, бидејќи, како што наведе, „договорите со нив не и носат корист на Русија, туку штета“.

Про-Кремљ партија Единствена Русија има двотретинско мнозинство во рускиот парламент, а сите закони донесени по почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, беа донесени речиси едногласно, потсетува Бета.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.