Снабдувањето на руски гас за соседна Финска ќе престане в сабота наутро, објави финската државна веледрогерија на гас „Гасум“.
„Гаспром експорт“ денеска го информираше „Гасум“ дека испораките на природен гас за Финска според договорот за снабдување на „Гасум“ ќе бидат прекинати в сабота, 21 мај, во 4 часот по средноевропско време, се вели во соопштението на „Гасум“.
Компанијата соопшти дека ќе продолжи да ги снабдува финските клиенти со гас од други извори преку гасоводот „Балтик конектор“.
Внимателно се подготвивме за оваа ситуација и под услов да нема прекини во мрежата за пренос на гас, ќе можеме да ги снабдуваме сите наши корисници со гас во наредните месеци, изјави извршниот директор на „Гасум“, Мика Виљанен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.