Русија планира по 9 април да ги укине ограничувањата за летови до и од 52 земји, како дел од нејзините планови за намалување на мерките преземени за забавување на ширењето на Ковид-19, изјави  рускиот премиер Михаил Мишустин.

Русија планира да ги обнови летовите до и од Аргентина, Јужна Африка и други пријателски земји, што значи оние кои не се приклучија на последниот бран на западни санкции кон Москва поради нејзината воена акција во Украина – изјави Мишустин.

Русија го затвори својот воздушен простор за авиокомпании од 36 земји, вклучително и сите 27 членки на Европската Унија, како одговор на санкциите против Украина, кои се насочени кон нејзиниот авијациски сектор.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.