Министерството за внатрешни работи на Русија објави федерална потрага по судијката на Меѓународниот кривичен суд (МКС), Томоко Акане, која издаде налог за апсење на рускиот претседател, Владимир Путин, објави „Гласот на Америка“.

Според документот, руската полиција трага по Јапонката родена 1965 година врз основа на сторено кривично дело. Нејзиното име и презиме се во транскрипција на руски јазик.

МКС во март годинава издаде налог за апсење на Путин и на Марија Лавова-Белова, руски омбудсман за правата на децата. По неколку денови рускиот Истражен комитет подигна кривична пријава против обвинителите и трите судии на МКС кои го издадоа налогот.

Истражниот комитет на Русија во мај издаде полициска потрага по Розарио Салваторе Ајтале, судија на МКС, по обвиненија за сторено кривично дело намерно незаконско држење во притвор и подготовка за напад на претставник на странска држава. Потрага е издадена и по Ахмад Хан, обвинител во МКС.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.