Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека не извршиле напад врз железничка станица во источна Украина, за кој локален спасувач изјави дека се убиени најмалку 35 луѓе.

Сите изјави на претставниците на националистичкиот режим во Киев за „ракетниот напад“ наводно извршен од Русија на 8 април на железничката станица во градот Краматорск се провокација и се апсолутно невистинити, се вели во соопштението на Министерството објавено на Телеграм.

Потенцираме дека тактички проектили Точка-У, чии делови беа пронајдени во близина на железничката станица Краматорск и објавени од очевидци, ги користат само украинските вооружени сили, додаваат од Министерството.

На 14 март 2022 година, дивизија на 19-та одделна ракетна бригада на Вооружените сили на Украина го нападна центарот на Доњецк со слична ракета Точка-У, при што загинаа 17 лица на лице место, а беа повредени уште 36 цивили, тврди руското Министерство за одбрана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.