Во текот на ноќта, Русија извршиla напади со беспилотни летала врз Киев и јужна Украина, при што е ранет еден цивил, а оштетени се згради и гасовод во речното и морското пристаниште Николаев, објави утрово украинската армија.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека нивните системи за противвоздушна одбрана уништиле 40 од 45-те беспилотни летала „Шахед“, лансирани од Русија во текот на ноќта.

Воздушната тревога во главниот град траеше речиси два часа, напиша на Телеграм Серхи Попко, шефот на воената администрација во Киев.

Тој додаде дека сите дронови над Киев биле соборени при приближувањето. Според првичните информации, нема жртви или разурнувања во главниот град или во неговата околина.

Јужната воена команда на Украина објави дека нејзините системи за противвоздушна одбрана биле ангажирани повеќе од пет часа и уништиле 26 беспилотни летала „Шахед“, лансирани од Русија над неколку јужни региони, главно над регионот Николаев во близина на Црното Море.

Приоритет за непријателот повторно беше крајбрежниот појас на инфраструктура и агроиндустриски капацитети, соопшти војската.

Остатоците што паднале од соборен дрон и ударниот бран оштетиле станбени згради и гасовод во Николаев, информира воената команда, дополнувајќи дека четири беспилотни летала се соборени над црноморското пристаниште Одеса.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.