Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Русија ќе даде силен и сензитивен одговор на американските санкции.

Нема сомнеж дека ќе биде даден силен одговор на санкциите, не нужно симетричен, туку проверен и чувствителен за американската страна.

Министерството соопшти дека Вашингтон вовел нова рунда санкции со цел „да го промени курсот на Русија“.

Русија докажа дека, со сите трошоци поврзани со санкциите, способна е да ја минимизира штетата. И уште повеќе, притисокот од санкциите не може да влијае на нашата решеност цврсто да ги браниме нашите интереси, се вели во соопштението од руското МНР



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.