Русија синоќа лансираше 16 дронови и седум проектили во Одеса, кои нанесоа штета на земјоделски претпријатија и уништија згради, соопшти јужната команда на украинските вооружени сили.
„Пожарите беа веднаш изгаснати. Никој не е повреден“, додаде командата на „Телеграм“.
Од дроновите, 13 се уништени над регионот Одеса, а еден – при неговото приближување над регионот Николаев, додаде командата. Не е јасно дали штетата е предизвикана од паѓање на остатоци од дрон или од дронови кои не биле соборени. Нема информации ниту дали беспилотните летала кои не биле соборени ги погодиле нивните цели.
Според украинските сили, проектилите биле насочени кон регионите Харков, Доњецк и Чернихив.
Истовремено, локалниот функционер Владимир Рогов назначен од Русија изјави дека два украински дрона нападнале избирачко место во делот на украинската област Запорожје, кој е под руска контрола. Во нападот се запали зградата, но нема жртви, додаде тој на „Телеграм“.
Руските сили додадоа дека собориле 12 украински ракети над регионот на Белгород.
Украина синоќа лансираше вкупно 35 дронови против руски региони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.