Русија ќе ги сервисира своите обврски за надворешниот долг во рубљи доколку САД блокираат други опции, изјави рускиот министер за финансии Антон Силуанов на денешниот форум.

Силуанов рече дека Русија нема да се смета себеси за неплаќач бидејќи има пари да ги плати долговите, пренесе Ројтерс.

Вашингтон размислува да го блокира рускиот налог за исплата на долгот кон американските иматели на руски државни обврзници следната недела, кога истекува грејс периодот за мерење на таа обврска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.