Руските власти денеска ја обвинија Полска дека работи на уништување на билатералните односи бидејќи одлучила да протера 45 руски дипломати и порача дека остро ќе одговори на таквиот потег.

Амбасадорот на Русија во земјата изјави дека полските власти, кои вчера соопштија дека протеруваат дипломати поради сомневање дека работат за руските разузнавачки служби, ги блокирале и банкарските сметки на амбасадата.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека ваквите потези се „свесен чекор кон конечното уништување на билатералните односи, на што Полска работи систематски веќе подолго време“.

„Русија остро ќе одговори на овој непријателски чекор. Ќе ги натераме полските провокатори да размислуваат, тие ќе страдаат“, соопшти руското министерство.

Русија вчера го осуди „непромислениот“ предлог на Полска, членка на НАТО, да испрати вооружени меѓународни мировници во Украина.

Амбасадорот на Русија во Варшава, Сергеј Ендру, изјави дека банкарските сметки на амбасадата на неговата земја се блокирани бидејќи Полска верува дека тие „може да се користат за перење пари или финансирање тероризам“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.