Австриската енергетска компанија ОМВ објави дека руската нафтена компанија Газпром ќе го прекине снабдувањето, пренесува весникот „Дер Стандард“.

Основа за суспензијата е одлуката на арбитражниот суд кој на ОМВ и досуди отштета од 230 милиони евра.

Компанијата во средата вечерта објави дека сака да го пребие побарувањето од обврските за плаќање кон Газпром, односно, ОМВ повеќе да не префрла пари во Русија. На таквата одлука, Гаспром одговори со прекин на испораката.

Денешните постапки на руски Газпром уште еднаш докажуваат: Русија не е партнер. Ако повеќе не добиваме руски залихи, веќе не може да бидеме уценувани“, изјави австриската министерка за животна средина, Леонора Гевеслер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.