Русија синоќа истрела 68 беспилотни летала и четири ракети врз Украина, соопшти украинската армија.

Две балистички ракети Искандер-М ги погодија регионите на Полтава и Одеса, а две ракети Х-59 беа лансирани кон регионите Чернихив и Суми, соопштија украинските воздухопловни сили на апликацијата за комуникација Телеграм.

Украинските сили за противвоздушна одбрана, наводно, уништиле 31 дрон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.