Русија денеска го одобри законот со кој се забрануваат операции за промена на полот, ќе биде дозволено поништување на бракови во кои едно лице „го променило полот“ и им забранува на трансродовите лица да станат згрижувачи или посвоители на деца .
Горниот дом на рускиот Парламент денеска едногласно го усвои овој закон, па сега останува само претседателот Владимир Путин да го потпише законот.

Законот забранува какви било „медицински интервенции насочени кон промена на полот на лицето“ и промена на полот во официјалните документи и јавните евиденции.

Пратениците ја опишуваат мерката како заштита на Русија од „западната антисемејна идеологија“

Во 2013 година, Кремљ го усвои првиот закон за ограничување на правата на ЛГБТК+ – законот за „геј пропаганда“, кој забранува какво било јавно одобрување на „нетрадиционални сексуални односи“ меѓу малолетници



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.