Руското Министерство за одбрана секој ден организира хуманитарни коридори и евакуира цивили од населените места во Украина. Освен тоа, досега се случија и две размени на заробеници меѓу Русија и Украина – вели портпаролката Марија Захарова, во коментар објавен на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи.

Таа истакнува дека Европската Унија неосновано ја обвинува Русија дека наводно ги користи бегалците од Украина како уште еден инструмент за притисок, со тоа што ги испраќа во ЕУ.

Всушност, вистината е дека властите во Киев ја забрануваат евакуацијата во нашата земја и насилно ги принудуваат бегалците да одат на запад. Многу од нив и потоа се обидуваат да одат во Русија, кај своите роднини, но во тој случај, земјите од ЕУ, особено Полска, не им дозволуваат. Тие се држени како заложници прво во Киев, а потоа во Брисел – вели Захарова.

Таа нагласува дека ЕУ на никаков начин не врши влијание врз Киев, за украинските националисти да не се кријат зад цивилите и да ги користат како „жив штит“ и да не ја блокираат нивната евакуација во Русија.

Народниот правобранител за човекови права во Руската Федерација, Татјана Москалкова, на 21 март ја објави првата размена меѓу Русија и Украина – девет руски заробеници за градоначалникот на Мелитопол, Иван Федоров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.