Русија и САД разговараат за одржување преговори за стратешко нуклеарно оружје првпат откако Москва ги испрати силите во Украина, објави денеска рускиот весник Комерсант, повикувајќи се на повеќе извори информирани на темата.

Разговорите меѓу двете страни за стратешката стабилност беа замрзнати, откако Русија ја почна нејзината инвазија врз Украина на 24 февруари, иако остана на сила Новиот СТАРТ, договорот за намалување на нуклеарното оружје.

Разговорите би можеле да се одржат на Блискиот Исток, наведува весникот, додавајќи дека Москва веќе не ја гледа Швајцарија, традиционалното место за нивно одржување, како доволно неутрална, откако државата воведе санкции против Русија поради Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.