Русија и ги предаде телата на 501 украински војник, соопштија украинските власти, што е најголемата репатријација на загинати војници од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година.
Повеќето од тие војници загинале во акција во областа Доњецк во Украина, главно околу градот Авдијевка, кој руските сили го зазедоа во февруари по долга и тешка битка, соопшти украинскиот координативен штаб за третман на воени заробеници.
Органите на редот и форензичарите ќе ги идентификуваат телата, кои потоа ќе им бидат предадени на семејствата, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.