Од 10 до 20 февруари ќе се одржат заеднички воени вежби меѓу Русија и Белорусија, соопшти белоруското Министерство за одбрана.
Маневрите ќе се изведуваат на пет полигони и четири аеродроми.
Заедничките воени вежби на двете земји, во текот на вчерашниот ден, ги најави и претседателот на Белорусија Александар Лукашенко.
Манврите ќе се одржат во услови на зголемени тензии меѓу Русија и Западот поради ситуацијата во и околу Украина.
Западот ја обвинува Русија дека подготвува инвазија на Украина, додека Москва категорично ги отфрла таквите тврдења и бара гаранции од НАТО дека нема да се прошири кон исток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.