Руската и белоруската војска ја почнаа втората фаза од вежбите за распоредување на тактичко нуклеарно оружје поради заканите од западните сили.
Во првата фаза, руските трупи вежбаа како да ги поставуваат и распоредуваат ракетите Искандер, додека воздухопловните сили вежбаа вооружување на хиперсоничните ракети „Кинжал“, соопшти руското Министерство за одбрана.
Втората фаза вклучува обука на руски и белоруски единици „за борбена употреба на нестратегиско нуклеарно оружје“.
Целта на вежбите е да се одржи подготвеноста на персоналот и опремата на единиците за борбена употреба на нестратешко нуклеарно оружје на Русија и Белорусија, со цел безусловно обезбедување на суверенитет и територијален интегритет, соопштија од руското министерство.
Русија објави дека ги спроведува вежбите поради тоа што САД и нивните европски сојузници го туркаат светот на работ на нуклеарен конфликт обезбедувајќи и на Украина оружје за напади врз руска територија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.