Русија го протера американскиот заменик-амбасадор Бартл Горман од земјата, соопшти американскиот Стејт Департмент, потврдувајќи ги извештаите на руската новинска агенција РИА.
„Постапките на Русија против заменик-шефот на нашата мисија, кој беше клучен член на раководниот тим на амбасадата, не беа испровоцирани од ништо“, изјави Жан-Пјер за новинарите на „Ер Форс 1“ на пат за Охајо.
„Сега е поважно од кога било нашите земји да го имаат потребниот дипломатски персонал за да се олесни комуникацијата меѓу нашите влади“, нагласила таа.
Државниот секретар Антони Блинкен сигнализира „интензивна посветеност на САД кон дипломатијата“ во изјавата во Обединетите нации, рече Жан-Пјер.
Претходно во текот на денот, таа го повтори предупредувањето на американскиот претседател Џо Бајден дека рускиот напад врз Украина може да дојде во секое време, пренесе Ројтерс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.