Генералниот директор на руската окупирана украинска нуклеарна централа во Запорожје е приведен од руска патрола, соопшти денеска украинската државна агенција задолжена за централата Енергоатом, пренесе Ројтерс.

Игор Мурашов вчера околу 16 часот по локално време бил приведен на пат од најголемата европска нуклеарна централа кон градот Енергодар, се наведува во соопштението на компанијата.

Тој е изваден од автомобилот и со врзани очи и одведен во непознат правец“, се вели во соопштението.

„Неговото приведување од страна на Русија ја загрозува безбедноста на Украина и на најголемата нуклеарна централа во Европа“, изјави претседателот на „Енергоатом“ Петро Котин, пренесе Асошиетед прес.

Котин побара од Русија веднаш да го ослободи Мурашов.

Русија веднаш не потврди дека го привела директорот на фабриката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.