Руското Министерство за одбрана соопшти дека извршило напад врз Харков, откако украинските власти пријавиле ракетен напад во текот на ноќта.
„Како резултат на високопрецизен ракетен напад на руските воздушни сили врз АФУ (Вооружени сили на Украина), беа погодени работилниците за склопување оклопни возила во близина на фабриката за градежни машини Малишев во Харков“, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.
Според шефот на регионалната управа во Харков, Олег Синегубов, 35-годишен локален жител е повреден од шрапнели. Сепак, во моментов не е можно да се потврди оваа информација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.