Русија го намалува нивото на дипломатските односи со Естонија, како одговор на значителното намалување на бројот на вработени во руската Амбасада во Талин и уништувањето на односите со Москва во целина, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

На 23 јануари во руското Министерство за надворешни работи беше повикан амбасадорот на Естонија, Маргус Лајдре. Беше изразен остар протест против постапките на естонските власти. Амбасадорот на Република Естонија мора да ја напушти Руската Федерација до 7 февруари 2023 година, се вели во соопштението.

Според руското МНР одговорноста за развојот на оваа ситуација во односите меѓу Русија и Естонија целосно и припаѓа на естонската страна. Се додава дека Кремљ ќе продолжи да одговара на „непријателските чекори преземени од естонското раководство“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.