Русија го блокира пристапот до порталот на „Билд”, најчитаниот германски весник, јавуваат руските медиуми, не наведувајќи ја причината за ваквиот чекор.
Барањето за блокирање на пристапот до „Билд” во Русија дошло од канцеларијата на Главниот руски обвинител, а државниот регулатор „Роскомнадзор” го одобрил барањето и го спроведе, пренесуваат руските меидуми.
„Билд” деноноќно известува за агресивната војна на Путин во Украина, и на германски и на руски јазик. Одлуката на руските цензори да го блокираат нашиот портал потврдува дека нашите новинари работат на промоција на демократијата, слободата и човековите права, изјави уредникот на „Билд” Јоханес Боја за Си-Ен-Ен.
„Нивната одлука дополнително нѐ мотивира да им дадеме на руските граѓани уште повеќе можности да добиваат вести и факти независни од руската државна пропаганда”, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.