Адвокатите на Алексеј Навални беа приведени како осомничени по извршените претреси, изјави прес-секретарот на рускиот политичар Кира Јармиш.
Адвокатите се притворени како осомничени, а не како сведоци. Веројатно, ќе има судења токму денес, напиша Јармиш на својот профил на Твитер.
Според „Медиазона“, приведени се Игор Сергунин, Вадим Кобзев и Алексеј Липцер. За што точно се осомничени не се соопштува.
Како што појаснува тимот на Навални, притворот е извршен според член 91 од Законот за кривична постапка (основа за притвор на осомничено лице).
Пред ова, соработниците на Навални пријавија претреси на адвокатите на политичарот, кои беа извршени во врска со случајот со учество во екстремистичка заедница. Тоа се чекори за целосна изолација на Навални.
Алексеј е префрлен во специјална режимска колонија, никој не знае каде; а потоа се водат кривични предмети против адвокати. Ова е ужасен чекор кон негова целосна изолација“, објасни Леонид Волков, поранешен шеф на регионалниот штаб на Навални.
Самиот Навални дознал за тоа што се случило за време на сослушувањето за тужба против колонијата. „Како и во советско време, не само политичките активисти се прогонувани и претворени во политички затвореници, туку и нивните адвокати. Дознав дека се вршеа претреси во канцелариите на моите адвокати, а еден од нив беше приведен“, рече Навални.
Во август 2023 година, Навални беше осуден на 19 години во колонија со специјален режим. Едно од обвиненијата против него беше „создавање екстремистичка заедница“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.