Рускиот амбасадор во Израел, Анатолиј Викторов, за телевизијата „Россија-24“ изјави дека Русија ги смета за неприфатливи идеите за воспоставување меѓународна контрола врз Појасот Газа или негова поделба како резултат на конфликтот.
Постојат апсолутно неприфатливи, измамнички идеи за некаква меѓународна контрола врз Појасот Газа, за некаква поделба на Појасот Газа. Не сакам ни да зборувам за овие апсолутно неприфатливи идеи, дека е неопходно да се пресели населението на Појасот Газа некаде надвор и на тој начин да се реши прашањето, изјави рускиот дипломат.
Викторов потсети на улогата на „квартетот“ меѓународни посредници.
Отсекогаш велевме дека Квартетот треба да дејствува во тесна координација и меѓусебна врска пред се со регионалните држави, тие се заинтересирани пред се за враќање на мирот и стабилноста, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.