Руската агенција за следење на медиумите „Роскомнадзор“ ги предупреди медиумите во земјата да не емитуваат интервјуа со украинскиот претседател Володимир Зеленски и отвори истрага против оние кои го веќе го направиле тоа.
Во краткото соопштение што Агенцијата за мониторинг на работата на руските медиуми го објави на социјалните мрежи и на својата веб-страница, се наведува дека многу руски медиуми веќе го интервјуирале Зеленски.
„Роскомнадзор“ ги предупредува руските медиуми дека треба да се воздржат од објавување на интервјуа – наведува агенцијата, но не ја наведува причината зошто го објавува предупредувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.