Москва ги повика членките на Обединетите нации да гласаат против „неурамнотежена и антируска“ резолуција на Генералното собрание на Киев и други, со која се планира да се одбележи годишнината од рускиот напад врз Украина.

193-членото Генерално собрание на ОН треба да гласа кон крајот на неделава за нацрт-резолуција која ја нагласува „потребата да се постигне, што е можно поскоро, сеопфатен, праведен и траен мир“ во согласност со Повелбата на Обединетите нации, пренесува Ројтерс.

Украина и нејзините сојузници се надеваат дека ќе ја продлабочат дипломатската изолација на Русија со барање гласови од речиси три четвртини од Генералното собрание за да се изедначи со поддршката што ја доби со неколку резолуции минатата година, наведува британската агенција.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.