Руската мисија во Обединети нации денеска соопшти дека Франција го одбила барањето на Русија за закажување на седница на Советот за безбедност на ОН, на која би се разговарало за падот на рускиот воен авион со кој се превезуваа украински воени заробеници за размена.

Франција го избра патот на злоупотреба на своите овластувања како претседавач со СБ и одбива да го исполни барањето за итен состанок на СБ на ОН поради терористички напад на режимот во Киев, објави на Телграм заменик рускиот амбасадор во ОН, Дмитриј Полјански.

Според него, „Франција се обидува да купи време, за Украина да излезе со барем некое убедливо објаснување за фаталната несреќа“.

Руското Министерство за одбрана вчера ја обвини Украина за соборување на воен авион Ил-76, со кој се превезуваа 65 заробени украински војници, шест членови на екипажот и тројца придружници.

Екипажот и сите патници во авионот се убиени… Украинските власти однапред добро знаеле за планираниот транспорт, се наведува во соопштението, посочувајќи оти станува збор за „терористички напад“ организиран за да се обвини Москва за убиство на украински војници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.