Рускиот медиски регулатор Роскомнадзор соопшти дека ја блокира социјалната мрежа Фејсбук за корисниците од Русија. Соопштија дека причината за блокадата е дискриминацијата на руските медиуми во 26 случаи и ограничувањето на профилите на Министерството за одбрана, Zvezdа, RIA Novosti, Sputnjik на странски јазици, каналот Russia Today, порталите Lenta и Gazeta.

Проблеми со пристапот до услугите на Facebook руските корисници имаа неколку дена претходно, но беа решавани со помош на VPN. Роскомнадзор во последните неколку деа ја блокираше работата на независната телевизија TV Dozhd, радиото Echo of Moscow, сајтовите на Meduzа, ВВС, Deutsche Welle, Radio Free Europe. Како што наведуваат од новинската агенција AFP, рускиот претседател Владимир Путин потпишал закон со кој се пропишува затворкса казна за ширење лажни вести за војската.

Од Meta, компанијата сопственик на Facebook, изјавија дека ќе направат се што е во нивна моќ за да ги врата своите услуги во Русија.

Наскоро милиони Руси ќе бидат отсечени од информации и лишени од секојдневната комуникација со семејствата и пријателите, напиша Цукерберг на својот профил на Twitter.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.